Седум светски чуда на античкиот свет – Пирамидите од Гиза

popara12 јули, 20111min00
gizanaslovna

Доколку сакаме да видиме какви се светските чуда на денешнината, пред сé треба да се потсетиме на седумте светски чуда од стариот век. Секој знае што означува овој поим – се разбира, тука се Пирамидите од Гиза во Египет, потоа Семирамидини висечки градини во Вавилон, Статуата на Зевс во Олипија, Колосот од Родос, Артемида во Ефес, Мавзолејот во Халикарнасу и Светилникот во Александрија, но сепак покрај египетските пирамиди, останатите светски чуда не можат да се видат. Шест од седум неверојатни градби и склуптури од античко време, веќе одамна не постојат на земјината топка. Статуата на Зевс во Олипија и Колосот од Родос повеќе не постојат, а какви биле, сите ние би можеле само да претпоставиме. Храмот на Артемида во Ефес, Мавзолејот на Халикарнасу и Светилникот во Александрија  – сите овие чуда можат да се реконструираат според пишаните информации и на тој начин најприближно да се прикажат.

Првиот список на светските чуда е направен во периодот од 150 до 120 година п.н.е., од страна на грчкиот поет Antipatar од Сидон. Што го има натерало на ваков чекор, не е познато. Поетот во својот список не наведувал разрушени, туку, исклучиво актуелни знаменитости. Објаснувањето зошто, станува збор само за седум, а не за тринаесет или дванаесет светски чуда, се гледа во симболичкото значење на бројот седум.

Пирамидите од Гиза

“Времето пркоси на сé, но пирамидите му пркосат на времето“ – арапска поговорка.

Пред 4500 години или некаде околку 2650 и 2550 година п.н.е., настанаа трите големи пирамиди во Гиза: Кеопсова, Кефренова и Микерина; претставуваат тројца кралеви од 4 династии, за кои не се знае ништо повеќе, само дека пирмидите биле изградени за нив. Во врска со историјата на настанување, исто така, не постојат прецизни и потврдени детали. Податоците за изградбата на пирамидите потекнува од Herodot, “татко на историјата“, кој патувал низ Египет во 450 година п.н.е.. Во текот на неговото патување, свештеници му ја проповедале историјата, а тој подоцна ги пренесувал сознанијата, а неговите приказни се пренесуваат од генерација на генерација. “Прво беше направен еден пат“, раскажува Herodot за изградбата на Кеопсовата пирамида, “преку кој се носеа камења од Нил“.

 

Оваа подготовка траела десет години, а во истовреме започнала и изградбата на саркофагот. Пирамидата според податоците на Herodot била изградена во период од дваесет години, а за време на градењето работеле и по сто илјади луѓе, но само по три месеци во текот на една година, веројатно за време на поплавите на Нил, бидејќи во тој период не можело да се работи на полињата. Пирамидата е изградена со повеќе од два милиони блокови.

“Со египетско писмо, било запишано на пирамидата колку се плаќало за ротквици, лук и бел лук, а доколку убаво се сеќавам, а тоа ми беше раскажано од еден толкувач кој читаше натписи, било потрошено повеќе од често таланти“ (околку три и пол милиони евра) – запишано од Herodot. Сепак, овој податок звучи малку зачудувачки – во тоа време некој да знае да чита хироглифи.

А, што е со останатите податоци?

Poll Ropel, кој исклучиво се занимавал со изучување на пирамиди, историјата за нивното градење и мистичноста на бројките, има заклучено дека сто илјади работници, за време од три месеци во текот на дваесет години и со користење на наједноставни орудија, би имале минимален дневен учинок. Покрај тоа, со измачување на робовите (работници), дополнително се губи на веродостојноста на претходните тврдења. Овде, се поставува и прашањето, дали воопшто може да работи толкава маса на работници? Ripel, го негира и оваа тврдење – максимум шест илјади или осум илјдаи работници. На, овој начин се менува и претпоставката дека градењето на пирамидите биле измачување на луѓето. Можеби, тие биле среќни што учестуваат во изградбата на еден ваков значаен објект.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag