Вучинич го одби Блекбурн, а неговиот агнет Лучи изјави дека тој секако нека да прифати да оди во помал клуб од Рома. Од редовите на ‘волчицата’, пристигнуваат неодредени пораки дека црногорецот може да остане но и да замине и дека тие нема да му стојат на неговиот пат.
Јувентус е во предност за неговиот потпис, бидејќи новиот тренер Антонио Контер го посакува во ‘црно-белиот’ дрес, но сега и Интер е во трката за неговиот потпис. Имено Џан Пјеро Гасперини бара играчи за крилните позиции во нападот, каде Вучинич одлично би се вклопил.
Ќе видиме дали и Интер би се вклучил во трката по потписот на црногорскиот репрезентативец, чија цена е 20 милиони евра, но се верува дека Рома може и да ја намали цената, бидејќи им се потребни пари за летниот преоден рок.