Силни експлозии во центарот на Триполи
27 јуни, 20110
Две силни експлозии се слушнале во близина на резиденцијата на либискиот лидер Моамер Гадафи во Триполи.
Над комплексот на Гадафи каде приврзаниците на режимот секојдневно држат собири во знак на поддршка на нивниот лидер, бил забележан густ чад.
Се претпоставува дека Гадафи не бил во комплексот за време на експлозијата.
Експлозии се чуле и во хотелот во кој биле сместени странски новинари во либиската престолнина.
Забележани се авиони на НАТО, а за сега не се знае што точно е погодено и дали има жртви.
Извор: Нетпресс