Крис Браун освои четири “BET” награди

27 јуни, 20110
Untitled-1

Крис Браун освои четири “BET” награди на церемонијата која се одржа во Лос Анџелес.Пејачот кој во март го објави својот нов албум доби награди за најдобар R & B изведувач, најдобро видео, награда од публиката и наградата за најуспешна соработка која ја подели со Буста Римес и Лила Вејн.

BET (Black Entertainment Television) наградите ги доделува на афро-американците и другите малцинства кои живеат во САД. Победниците ги избраат членови од BET-Академијата, која е составена од професионалци, новинари и обожаватели.

“Ова беше долг пат. Затоа, го ценам секој благослов што беше пред мене”, изјави Браун по добивањето на наградата.

Браун во 2009 година, бил осуден на пет години условно и 180 дена хуманитарна работа, поради нанесување телесни повреди на пејачката Ријана.

Ѕвезда од Барбадос била прогласена за најдобара пејачка, но таа не присуствувала на доделувањето.

Наградата за најдобар хип-хоп артист ја добиле Ники Минај и Кени Вест.

Стив Харви ја добил наградата за неговата посветеност во хуманитарните проекти, додека Пети Лабел ја освои наградата за животно дело.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi