Секс скандал го тресе турскиот опозициски политички врв

popara23 мај, 20111min00
Секс скандал го тресе турскиот опозициски политички врв
Секс скандал поткрепен со видео снимки ја потресува втората најголема опозициска партија во Турција. Шест водечки фигури на Партијата за националистичко дејствување (ПНД), кој а има 70 од вкупно 550 пратенички места во турскиот парламент, веќе поднеле оставки поради тоа што биле вплеткани во вонбрачни сексуални контакти, објави телевизијата Си-Ен-Ен-Турк, пренесува Нетпрес.
Оставки поднеле заменик претседателот на партијата, Дениз Болјукбаша, секретарот Мустафа Џихан Пачаџ и други високи претставници, кои со години се на челни позиции на оваа турска националистичка формација – Мехмед Екиџи, Осман Чакар, Јумит Шафак и Мехмед Тајтак. Дел од видео материјалите биле објавени на Интернет, а со снимките било напоменато дека има уште компромитирачки записи за членови и функционери на ПНД.
Дел од вмешаните во скандалот дури ги повлекле и своите кандидатури за пратеници на претстојните избори кои во Турција се закажани за 12 јуни, годинава. Некои од нив не само што се повлекле од партиските функции туку и целосно ја напуштиле партијата. Според објавените информациите, оваа партија неколкупати ја потресуваат слични скандали. Четворица високопоставени функционери на ПНД, меѓу кои и двајца заменици претседатели, на почетокот на месецов поднеле оставки откако исто така на Интернет биле објавени нивни видео снимки со сексуална содржина.
Девлет Бахчели, лидер на партијата, тврди дека зад целата работа стојат приврзаници на трускиот премиер Реџеп Таип Ердоган. На митинг во градот Невшехир, централна Турција, на кој имало повеќе илјади симпатизери на ПНД, лидерот Бахчели рекол дека партијата, и покрај се’, ќе ја продолжи својата борба.
Телевизијата Си-Ен-Ен-Турк објави дека Високиот совет за радио и телевизија почнал истрага за видео снимките. Очекувањата се дека оваа афера ќе се одрази многу негативно на ПНД, во текот на предизборната кампања, но и на самите избори.
http://www.youtube.com/watch?v=lpdaly6W8cU&feature=player_embedded
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma