Секс со колега! За и против?!

popara5 декември, 20111min01
1

Љубовната авантура на работното место е честа појава речиси во сите канцеларии. И тоа е сосема нормално, имајќи во предвид дека на работа минуваме повеќе време отколку дома со семејството.

Но какви се плусовите и минусите на една евентуална љубовна врска со колега, еве го и нашето мислење:

За:

Животот е многу краток, за да се раководиме од излишни скруполи. Нели тврдат дека љубовта е слепа и може да се најде секаде? Ако ви се допаѓа тој маж, тогаш не се спречувајте да превземете нешто, пред да стане премногу касно.

Забранетото овошје е најслатко. Навистина е возбудливо и да признаеме, доста секси да имаш една ваква тајна врска со најубавиот маж во канцеларијата. Сето тоа го прави вашиот ден многу интересен и со нетрпиение чекате да дојде наредниот.

Понекогаш ни се случува хемијата во телото да зборува повеќе, одошто разумот, и тогаш се случуваат највозбудливите нешта. Сепак живееме поради нас самите, а не за мислењето на луѓето. Но впуштајќи се во ваква авантура, бидете подготвени, дека таа можеби нема да трае долго и евентуално ќе има свои последици.

Против:

Сексот на работното место може да претставува пречка за вашата работа. Ако многу често се деконцентрирате поради интимната врска, тоа може да ви наштети во професионален план.

Ако пак врската со ваш колега остане само на лесен флерт, тогаш немате проблем. Но ако работите се задлабочат и се стигне до сериозна врска тогаш секоја ваша интимна кавга ќе почне да се одразува и во работата. Понекогаш е многу тешко да се разграничат личните и професионалните односи.

Ако често флертувате и имате поблиски односи со ваши колеги, ризикувате останатите колеги да почнат да се подбиваат со вас и да не ве сфаќаат сериозно.

One comment

  • ceca

    26 јануари, 2013 at 22:07

    !!!!!!!!!!!!

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma