За новата отворена уметничка галерија слушнале речиси сите во Лондон. Посебно ги шокирала уметничката слика на Роберт Ленкиевич, каде уметникот на делото насликал човек како има секс со коза. Постерот на кој е поставена сликата ги шокирала гостите во хотелот Риц во Лондон, но и повеќето минувачи. Многу од нив лути, побарале од раководството на галеријата да се отстрани уметничкото дело. Контроверзниото дело е во сопственост на приватен колекционер, кој го продавал во висина од 34.000 евра. Во петокот во галеријата било објавено дека сликата е отстранета од фреквентни места и дека се извинуваат на сите кои биле навредени од делото.