Семејството на Тоше ќе ги објави песните кои се наоѓаат во неговиот компјутер!

popara22 октомври, 20111min00
tose proeski

Семејството на трагично починатиот  Тоше Проески наскоро ќе ги објави песните кои ги пронашле во неговиот компјутер.

Неговата сестра Дора Ристеска открила дека нејзиниот маж Славен, кој бил вклучен во кариерата на нејзиниот брат, со месеци барал и го анализирал неговиот компјутер и студиските снимки.

-Вложуваме во новите песни и спотови, бидејќи најважно за мене е тоа што мојот брат живее низ старите песни, а и новите, изјавила Дора.

Таа додава дека нивните родители сеуште се борат со болката за неговата загуба која се случи пред 4 години, тие секое утро и попладне одат на неговиот гроб.

-Тато секој ден оди во манастирот Свето Преображение. Здравствено малце се подобри, но од тага и загуба никогаш нема да се опорават, изјавила Дора, чиј син како што веќе знаете е доволно талентиран за да ги продолжи неговите стапки.

-Пред очи често ми поминуваат слики како Тоше си игра со моите синови и како го учи Кристијан са свири. Тој е талентиран на вујко му, но болката не ми дозволува да го пуштам да се занимава со музика, изјавила Дора.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma