Северина заедно со нејзиниот вереник, Милан Поповиќ биле гости во Српското Собрание. Бремената пејачка и нејзиниот Милан, пристигнале на крајот на хуманитарната акција “Битка за бебето”, во која учествувал и Поповиќ и донирал 100.000 евра. Севе и Милан во Собранието биле вистинска атракција, а на завршеток на хуманитарната акција пристигнал и српскиот претседател Борис Тадиќ, и претседателот на Собранието Славица Ѓукиќ Дејановиќ.