Северна Кореја ги затвори универзитетите на 10 месеци

popara30 јуни, 20111min00
KONICA MINOLTA DIGITAL CAMERA
Северна Кореја ги затвори своите универзитети на десет месеци и ги испрати студентите на работа во фабриките, на полињата и градилиштата со цел да го поттикне развојот на економијата, пишува британскиот весник “Дејли телеграф“.
Целта е Северна Кореја да стане “голема, просперитетна и моќна нација“ до 2012 година, кога се одбележува 100-годишнина од раѓањето на основачот на државата, Ким Или Сунг.
Исто така, идната година во февруари, Ким Џонг Ил, сегашниот “Мил водач“ полни 70 години и се очекува да ја предаде власта и, како што се надева, економски зајакнатата нација на својот син, Ким Џонг Ун, пишува весникот.
Според извештаите од Јужна Кореја, севернокорејската влада им наложила на сите универзитети во земјата да ја прекинат наставата на десет месеци, до април идната година. Исклучок се само студентите кои треба да дипломираат наредните неколку месеци и странските студенти.
Извештаите од Северна Кореја, затворени за медиумите, стигнуваат преку соседните земји, особено од Јужна Кореја.
Студентите ќе работат на градилиштата во големите градови, а има најава дека ќе работат и на санирање на штетите од неодамнешниот силен тајфун кој оштети земјоделски области.
Јапонските аналитичари сметаат дека економското заздравување не е единствената причина за оваа одлука на севернокорејската власт. Како една од причините се споменува стравот од можниот почеток на демонстрации на универзитетите по угледот на народните побуни во арапскиот свет.
Аналитичарите велат дека властите во Пјонгјанг во последните неколку месеци од Кина набавиле опрема за сузбивање на демонстрации, вклучувајќи солзавец и палки, и дека го зајакнале присуството на полицијата во клучните места во Пјонгјанг.
Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag