Шанаја Твејн се омажи повторно
2 јануари, 20110

Шанаја Твејн на зајдисонце пред четериесетина луѓе во Порто Рико, повторно стапи во брак. Таа и Фредерик Николас Тјебауд беа во врска од 2009 година. Таа изјавила дека тој е нејзиниот најдобар пријател кој и помогнал многу во надминувањето на тешките кризи по разводот. Среќна е што од тоа искрено пријателство се родила љубов. Последните две и пол години беа тешки за мене, среќна сум што ги имам моите пријатели и роднини. Сите тие многу ми помогнаа да излезам од кризата и повторно да бидам среќна, вистински подарок е да имаш такви луѓе покрај себе, изјавила Шанаја.