Опиени од успехот, арапските сопственици ќе го тестираат Реал со понуда за Кристијано Роналдо. На маса би можеле да бидат 100 милиони евра за Португалецот или евентуално пари плус Тевез кој го посакува Мурињо. Меѓутоа освен што се полнат насловните страници од оваа приказна нема ништо.
Прво, Реал нема да сака да се откаже од својот најдобар фудбалер, кој освен што е машина за голови е и машина за пари, односно светски бренд. Второ самиот Роналдо еднаш изјави дека во својата кариера никогаш не би ги облекол дресовите на Бенфика и Манчестер Сити.