Шекспир конзумирал марихуана и кокаин?

2 јули, 20110
sekspir

Јоханесбург – Како и Мона Лиза на Да Винчи, која веќе пет векови го привлекува вниманието на јавноста, делото и животот на англискиот бард Вилијам Шекспир остануваат и понатаму мистерија за  експертите. Како всушност познатиот драматург изгледаше? Дали тој навистина е автор на своите парчиња? Дали се уште некои од неговите дела не се откриени?
Антропологот и директор на Институтот за човековата еволуција во Јоханесбург, Френсис Taкери, сепак, го мачи прашањето од сосема поинаква природа: дали Вилијам Шекспир консумирал марихуана и кокаин?

Поточно, за време на истражувањето спроведено од 2001-та откриени се  траги од канабис и кокаин на лулиња кои се пронајдени во градина на куќата на Шекспир.

Антрополог од  Јужна Африка, наликува на алузии од Сонети 76, во кои се споменува терминот  “noted weed”, што би можело да биде марихуана. Тој претпоставува дека канабисот на  Шекспир му служел како инспирација за пишување.

Како што се вели сајтот Fluktuat, Такери и неговиот тим сега се обидуваат да добијат дозвола да го ексхумираат телото на поетот, за да се утврди дали тој навистина уживал во овие дроги. Доколку ова е случај, вели научникот од Јужна Африка, тоа би значело дека во Шекспировата ера во Англија можеле да најдат кокаин, за кој се верува дека се појавил во 19 век.

Ексхумација на телото ќе помогне во решавањето на некои сомнежи за неговата смрт. Такери вели дека посмртните остатоци (коса, нокти и заби) ќе обезбедат информации за причината за смртта и ќе потврди дека коските навистина припаѓаат на Шекспир. Со анализа на мал примерок на забите ќе се добијат информации за неговиот начин на исхрана и евентуалното уживање со марихуана и кокаин.

Тој објаснува дека за време на итражувањето ќе се користат техники со ласерско скенирање, кое овозможува анализа да се направи без “поместување на коските” од скелетот. Тоа сигурно ќе му се допаднели и на самиот Шекспир кој очигледно се плашел од ексхумација, бидејќи на надгробната плоча наредил да се напуше клетва: “Благословен да  е оној кој ќе ги заштити овие камења, а проколнат оној кој ќе ги помрдне моите коски.”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi