Шекспир пушел марихуана?

popara30 јуни, 20111min00
sekspir

Раководителот на Институтот за човековата еволуција од Јоханенсбург, Френсис Такереј, верува дека славниот англиски поет Вилијам Шекспир консумирал марихуана.

Јужноафриканскиот антрополог своето верување го темели врз пронајдените остатоци  од марихуана на лулето кое му припаѓало токму на Шекспир, а пронајдено било во дворот на неговата куќа.

Покрај тоа, тој се повикува и на алузијата од 76 сонета, во која се спомнува терминот „noted weed“, што би можело да се однесува на марихуана, а антропологот мисли дека канабисот на Шекспир му служел како инспирација за пишување.

За целосно да се поткрепи неговото верување, тој бара дозвола од Црквата во Велика Британија за ексхумација и анализа на остатоците од поетот, но и неговата ќерка и сопруга. Посмртните остатоци (коса, нокти, заби) може да обезбедат информации за причината на смртта и да потврдат дали навистина припаѓаат на Шекспир и неговото семејство. Со мал примерок од забите би се добиле податоци за начинот на исхрана и евентуалното консумирање на марихуана.

Професорката по антропологија на Универзитетот во Северна Каролина, Кристина Килгрова, сепак не смета дека со отварањето на гробницата може да се дознаат битни информации за болетите и причината на смртта, освен за оние болести кои влијаат на коските и евентуално нови податоци за начинот на живот во тој период.

Меѓутоа, Френсис и понатаму го чека одговорот на Црквата, а како што изјавил, ќе го чека колку што е потребно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag