Шерил Кол има нова тетоважа
27 јануари, 20110

Шерил Кол има нова тетоважа на своето секси тело. Прекрасната британка си истетовирала голема пеперутка опкружена со различни симболи на долниот дел на грбот. Шерил е новата тетоважа ја покажа на доделувањето на наградите на националната телевизија, а за таа прилика носеше долг црн фустан кој го открива нејзиниот грб. Шерил самата ја дизајнирала новата тетоважа, а тетовирањето траело 11 часа. За тоа време друштво и правел нејзиното момче Дерек. Пејачка изјавила дека нејзината нова тетоважа има голема симболика и дека била премногу лична. Шерил неколку недели работела на дизајнот на тетоважата и таа ги симболизирала нејзините нови почетоци.