Американската верзија на Х-Фактор започна да се емитува од месец март, а треба да заврши во септември. Жирито беше избрано уште пред самиот почеток на шоуто. Како дел од жирито беше и пејачката Шерил Кол. Но, ненадејно таа е избркана, а на нејзино место е пејачката Никол, поранешна членка на групата “Pussycat Dolls”.
Шпекулациите се дека шерил не била во добри односи со Симон Коел. Најверојатно, тој изјавил дека направил грешка при изборот. Никол била цело време присутна како опција за член на жирито, па сега таа ќе ја менува Шерил.