Кој ‘тежи’ повеќе, Барселона или Јунајтед

27 мај, 20110
220616

Економистите ја прерачунале вредноста на играчите на Барселона и Манчестер Јунајтед. Барса е двојно поскапа, а во сабота вечер на теренот на “Вембли” ќе истрчаат фудбалери вредни 700 милиони евра. Меси е далеку пред сите, најскап играч на Јунајтед е Руни.

Барселона во последните неколку години е синоним за екипа која го игра најубавит фудбал на светот, а костурот на тимот им го сочинуваат играчи од подмладокот на овој каталонски тим.

Стручњаците на “Фронтир Економист” ја проценија вредноста на тимот на Барселона на 454 милиони евра, додека екипата на Алекс Фергусон вреди 216,5 милони.

Мора да се има на ум дека вредноста е пресметана на основа на цената на играчите на почетокот на сезоната, па на многумина им скокна рејтингот по освојување на новите титули, како од страна на Манчестер, така и од Барселона. Тоа само значи дека вкупната сума од 670,5 милиони сеуште е и поголема.

Најдобирот играч на светот, Лео Меси, се проценува на 140 милиони евра, додека Иниеста вреди 51 милион, Виља 47. По истражувањето на “Фронтир Економист”, најскапиот “ѓавол”, Вејн Руни е проценет на 59,3 милиони. Зад него се Нани и Валенсија.

Прашање е колку тие цени се реални, бидејќи тешко дека на пазарот Давид Виља вреди 30 милиони евра повеќе од Ернандез, или пак Пујол во реалноста е три пати поскап од Рио Фердинанд.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi