Објавена првата фотографија од уапсениот Ратко Младиќ

27 мај, 20110
o
Објавена е првата фотографија на најбараниот хашки бегалец кој не им бил достапен на властите цели 15 години. На фотографиите се гледа остареното и болно лице на некогашниот српски генерал.
Најбараниот хашки бегалец се криел во селото Лазарево кај Зрењанин во куќа на својот роднина Бранко Младиќ. Сослушувањето во специјалниот суд било прекинато судењето заради лошата здравствена состојба на поранешниот воен генерал, пишува “Политика“, пренесува НетПрес.
Најголемата препрека до европскиот пат на Србија е надмината: немаскиран, но остарен скоро и да не личи на стариот Младиќ, со видливи здравствени проблеми, како што е вкочанетост на левата рака, генералот Ратко Младиќ (роден на 12 март 1943 година во Босна и Херцеговина) уапсен е вчера во селото Лазарево.
Акцијата ја извеле припадници на тимот на Безбедносно- информативната агенција (БИА), специјално формиран пред неколку години со единствена задача да ги лоцира и уапси најбараните бегалци обвинети за воени злосторства.
Младиќ бил уапсен околу девет часот наутро, по повеќечасовна потрага на три куќи во селото Лазарево. Неофицијално се дознава дека агентите на БИА веќе неколку месеци го следеле лицето Милорад Комадиќ.
Агентите на БИА веруваат дека Младиќ го одбрал тоа име за да го запомни полесно, бидејќи последните три букви споени со презимето го даваат името Радко Мадиќ.
Официјална потврда како што се дошло до информации дека зад името Милорад се крие Ратко Младиќ се’уште нема официјална потврда. Поединечни извори на “Политика“ блиски на Акциониот тим за соработка со хашкиот трибунал тврдат дека се’ започнало по добиена дојава дека за тоа име се крие пребегнатиот генерал, но други пак тоа го демантираат. Ало Младиќ е уапсен на дојава на бројот 9191, тоа практично значи дека државата ќе треба да плати десет милиони евра на лицето кое ја дало информацијата која го овозможи синоќешното апсење.
httpv://www.youtube.com/watch?v=AxJaxzw2Vog&feature=player_embedded
Сигурно е едно, а тоа е дека праксата на специјалниот тим на БИА, да ја провери секоја информација со која ќе дојде до трагата на Младиќ после стотина дојави, се покажала како точна. Неофицијално се дознава дека агентите на БИА со сигурност уверувале дека станува збор за генералот бидејќи додека ги извршувале таканаречените оперативни мерки виделе дека “Милорад Комадиќ“ дошол во Лазарево, баш во куќата на роднини на Ратко Младиќ. Истиот момент започнати се интензивни подготовки за акцијата за апсење.
За да се одбегне ширење на информации, од полицијата е побарано да асистира “во рутинска акција на претрес“. Ангажирани биле и хеликоптери кои во прв момент не смееле да го надлетуваат Лазарево, за да не го збунат Младиќ кој можел да сфати дека БИА влегла во неговата трага, па да се скрие и да побегне.
Набрзо е договорено да се влезе во Лазарево во шест часот утрото. Отприлика во тоа време во селото влегле пет џипови, кои биле распоредени на три локации- еден покрај куќата на Бранислав Младиќ, а другите две покрај куќите на неговите синови. На првата локација е пронајден најбараниот бегалец во досегашната српска историја.
Не бил маскиран, но на неговото лице биле забележани видливи траги од староста (агентите имале фотографија од него која била постара од десет години, па не можеле да претпостават како изгледа сега), а воочливо било и неговото нарушено здравје- вкочанета лева рака како последица од удар, што е потврда на претходни информации дека Младиќ доживеал мозочен удар. Во моментот на апсење, Младиќ бил вооружен со два пиштоли, но како што се дознава покрај него имало човек кој имал “задача да го ликвидира во случај специјалците да дојдат до неговата врата“. Во моментот кога полицијата влегла во куќата Младиќ спиел, така да агентите го станале од креветот, а што зачудува Младиќ бил “доста кооперативен“, а наводно признал се’.
Околу 11 часот бил пренесен во Белград, во седиште на БИА, во населбата Баница. Покрај шпекулациите дека итно бил префрлено во Хаг, Младиќ околу 16 часот во Специјалниот суд во Белград веднаш бил подложен на лекарски прегледи.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi