Шерил Кол повеќе не е дел од американското издание на Х-Фактор. Најпрво како причина за тоа беше наведен нејзиниот британски нагласок. Но, во јавноста сега се зборува дека причината не е тоа. Продуцентите од шоуто од неа побарале да ослабе 12 килограми и да го смени имиџот.
Шерил поради болеста која ја имаше неодамна не внимаваше на линијата, па тоа резултираше со зголемување на тежината. Таа го одбила барањето па следеше нејзино исклучување. Сега на нејзино место е Никол Шерцингер. По ова таа сериозно размислува да се повлече од шоубизнисот.