Првата и основна лекција во Центарот за морална едукација на жените во Пекинг е како да се омажат за милионер.
Целта на 30 часовниот курс кој кошта 3.080 долари е ученичките да научат како да пронајдат богат маж.
Во текот на наставата, жените учат како да се шминкаат и како по изразот на лицето и однесувањето да препознаат вистински милионер.
Школото исто така нуди и часови за спремање на различни видови на чаеви. Да се омажиш богато стана „главна цел на голем број на кинески Пепелашки“, пишува весникот „Беиџинг тудеј“.
Од отварањето во Август минатата година, курсот го имаат завршено 2.800 жени, воглавно од средната класа.
Према агенцијата Ројтерс, во Кина денес има 189 милјардери и близу милион милионери.
Успехот на курсот е потврден со фактот дека школото е контактирано од страна на неколку богати неоженети во потрага по „сродна душа“.
Во изминатите неколку месеци со посретство на школото се венчале 30 парови.