Шминка во „џипси стил“

8 ноември, 20110
sminka

Кога станува збор за шминка во „џипси стил“ акцентот е ставен на очите кои имаат мистериозен изглед кој се постигнува со комбинација на интензивни бои. Шминкањето во „џипси стил“ е вистински хит за оваа сезона.

За да ставите акцент на вашите очи, потребно е да имате беспрекорен природен тен. Нанесете тенок слој основна течна пидра, па нанесете пудра во прав и руменило во ненападни розеви или корални нијанси.

За интензивен и мистериозен изглед на очите, искомбинирајте две сенки за очи во интензивни бои. На внатрешниот агол на окото нанесете моливче за очи во тиркизна или некоја друга впечатлива нијанса, а на надворешниот дел од окото на долниот и горниот капак нанесете моливче во виолетова или темно розева нијанса. Нанесете сенка во иста боја над креонот, а на делот под образите нанесете сенка во неутрална боја. На крај, истакнете ги трепките со маскара во црна или кафена нијанса.

Во „џипси мејкап стил“ се користат кармини со корални тонови или пак со боја на кожа. Лакот за нокти исто така треба да биде во некоја интензивна нијанса која ќе одговара на шминката на вашите очи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *