Шофер на училишен автобус добил отказ, бидејќи додека возел решавал судоку! :)

1 декември, 20110
s

Неименуван шофер на училишен автобус во Дорсет добил отказ откако се утврдило дека во текот на возењето решавал судоку. Како што пренесуваат британските медиуми, несовесниот шофер бил фотографиран со мобилен телефон од еден 12 годишен ученик кој се возел во автобусот. Возачот го држел листот со судоку на воланот, го решавал и истовремено го возел автобусот во кој имало многу ученици.

Мајката на споменатиот ученик за медиумите изјавила дека останала шокирана кога ја видела фотографијата. „Немавме намера тој да остане без работа, само сакавме да знаат неговите надредени што се случува додека нашите деца се возат во автобус и да се осигураме дека ова никогаш нема да се повтори“, додала мајката.

Откако била спроведена истрага во компанијата за овој инцидент, возачот бил отпуштен.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi