Мира Марковиќ, вдовицата на Слободан Милошевиќ ќе добие месечна пензија од околу 60.000 динари или 600 евра, објавил белградски Б92. Таа ќе добие 70 отсто од старосната пензијата која му следела на Слободан Милошевиќ, а немала да добие претседателска пензија, потврдил за Б92, Владимир Станковиќ, директор на пензиското и инвалидското осигурување во пензискиот фонд на Србија.
Б92 дознава дека пензијата на Милошевиќ доколку би бил жив би изнесувала 90.000 динари, или околу 900 евра. Новинарите не успеале да дознаат кога вдовицата на Милошевиќ ќе ја добие пензијата но се шпекулира дека наредните месеци веќе ќе почне да и се исплаќа. Вдовицата на Милошевиќ побарала претседателска пензија, но била одбиена од фондот.
Мира Марковиќ моментално живее во Русија, бидејќи во Србија и се заканува затвор до 12 години за злоупотреба на службената должност, и не може да се врати се од 2024 година кога и застарува судската постапка.