Шон Пен веќе има нова девојка
18 јуни, 20110

Не помина ни месец дена откако раскина со актерката Скарлет Јохансон, холивудскиот актер веќе си најде нова девојка. Станува збор за актерката со потекло од Хаити, Гарсел Буве.
Тие се видени заедно во „Sunset Tower“ хотелот во Лос Анџелес и се уште официјално немаат изјавено дали се во врска или не.
45-годишната Гарсел зад себе веќе има два брака и три деца, а последниот брак и заврши откако го фатила сопругот во прељуба. Шон Пен пред оваа врска беше во брак со познатата пеачка Мадона како и со актерката Робин Рајт.