Хирзутизам е појава на зголемен број на влакна на чуствителните области кај жените (надусници, образи, брада, гради,стомак итн), односно на места каде што обично не е нормално да се појавуваат кај жените.
Се проценува дека измеѓу 5-15% од жените може да го имаат ова пореметување во текот на животот. Жените кои патат од херзутизам, свесни се за влошувањето на квалитетот на нивниот живот, со значителен психолошки удар и губењето на самодоверба.
Прво што треба да направите во ваков случај е да се обратите на лекар за да се дијагностицира причината за ваквата појава. Најчести причини кои доведуваат до хирзуитизам се: синдром на полицистични јајници, пореметување на надбубрежните жлезди или хипофизата.
Техниките на фотоепилација постигнуваат естетско подобрување на овој процес, намалувајќи 80-90% од постоечките влакна. Иако овој процес бара посебна грижа и надзор на која и е потребен програм за оджување, но во крајна линија дава одлични резултати.
На овој начин, фотоепилацијата на овие области гарантира дека жените со овој проблем, кои имале проблеми со самодовербата, можеат повторно да се чуствуваат задоволни со својот нов изглед.