Што гледате на фотографијата! Чик погоди?! :)

17 јули, 20110
1

Среде живописните пејсажи на кинеската проивинција Jiangsu сместено е едно од најмодерните зданија на светската архитектура на денешницата. Иако на прв поглед никогаш нема да можете да погодите што е функцијата на ова “чудо“, мораме да признаеме дека идејата на неговиот креатор, што се однесува до формата и содржината е повеќе од фантастична.

Проектот на архитектот Стивен Хол е Nanjing Sifang Арт Музеј, сместен во идиличните пејсажи покрај Нанџинг во Кина. Организациските и концептуалните поставки на музејот се менуваат како што ќе ја смените перспективата, слоеви на магла и вода во просторот се користени за да ја карактеризираат скриената и разновидна тајна на раното кинеско сликарство.

Музејот се состои од основни елементи, затворени полиња на кои има самостоечки ѕидови, бетонски елементи во силна црна боја, над кои лебдат лесни структури.

Праволиниските и цврсти структури на приземјето постепено се претвараат во други форми над нив. Галеријата е поставена во споменатата зона, се разгледува во секвенци и делови, а се завршува во просторијата каде погледот кон градот е неверојатен.

Значењето на овој рурален локалитет на овој начин станува нешто урбано и модерно, заедно со неверојатниот визуелен контакт со погледот кон главниот град на големата Династија Минг, Нанџинг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi