Јапонските научници успеале во лабораторија да произведат сперма и тоа од матични клетки. Професорот Сахито својата научна работа прво ја објавил во научен магазин, а потоа ја претставил и на своите соработници. Матичните клетки од ембрион на глушец се чекор напред во лечење на неплодноста.
Ова истражување ги загрижило јапонските научници поради стравот да не дојде до злоупотреба на вештачката сперма.
Но сепак ова откритие на илјадници парови им дава надеж дека еден ден ќе станат родители.