Што не смеете да правите во Малезија?! Јапонка на бесилка поради шверцување дрога!

25 октомври, 20110
107586

Куала Лумпур – судот во Малезија осудил една јапонска државјанка на смртна казна, поради шверцување на дрога.

Високиот суд недалеку од престолнинанта Куала Лумпур ја прогласил Марико Такеучи виновна за трговија со дрога, поточно метамфетамин.

Познато е дека во Малезија најстрога  казна е предвидена за шверцување со дрога, поточно смртна казна со бесење.

Јапонката, 36 годишна медицинска сестра, уапсена била во октомври на аеродром во главниот град, а кај неа било пронајдени 3,5 килограми дрога. Таа тогаш долетала од Дубаи во Малезија.

За време на судењето, јапонката тврдела дека торбата и ја дал еден маж и дека не знаела дека во неа се наоѓа дрога.

Според податоците од почетокот на годинава, во Малезија има скоро 700 осуденици, главно мажи, кои чекаат на извршувањето на смртна казна. Повеќе од две третини од нив се осудени поради дрога.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi