Што се Шакира ќе му прави на Обама во Белата куќа?! Нова Левински „ is a question”? :)

7 октомври, 20110
obama-shakira

Кабинетот на американскиот претседател Барак оБама објавил дека латиноамериканската пејачка Шакира станала дел од советодавната комисија за образовно усовршување на латиноамериканците во САД.

Колумбиската пејачка Шакира, која покрај вокалните способности и тресењето на колковите, беше позната и како поранешна девојка на синот на колумбискиот претседател, како и по тековната романса со фудбалерот  Пике, сега ќе биде запаметена и по тоа што стана советник на Обама.

Американскиот претседател Барак Обама одлучил дека токму таа е најдобар избор за пополнување на местото советник за образование. А при изборот на Обама воопшто не му сметал фактот што Шакира не е државјанин на САД.

За време на објавувањето на новите советници во оваа Комисија, меѓу кои се приклучи Шакира, Обама изјавил:

„Благодарен сум што овие извонредн ипоединци ќе ги искористат своите таленти за да служат на американскиот народ во овие важни времиња за нашата земја. Се радувам што ќе соработувам со нив во наредниве месеци и години“.

„За пејачката пак ова претставуало огромна чест, што Обама и доделил толку одговорна улога. До сега и самата таа била ангажирана и помагала во школувањето на повеќе од 6000 деца во Колумбија“, изјавил нејзиниот портпарол.

Познато е дека Обама и Шакира се добри пријатели, таа пееше и на неговата инаугурација, а минатата година разговарале за реформите за законот на имигранти.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi