Што значи кога сонувате секс со…

popara4 јули, 20111min00
article-1195306-0578121C000005DC-470_468x286

Сексот честопати е тема на нашите соништа, а личноста со која имаме секс на сон најчесто не е партнерот. Не треба да чувствувате грижа на совест, тоа не значи дека потсвесно сакате да го изневерите партнерот. Најчесто овие соништа ви откриваат што недостасува во вашиот живот и во вашата врска.

Секс со претпоставен

Ако сонувате жесток секс со шефот на канцелариската маса, тоа не значи дека саката тоа да го направите и на јаве. Тоа е само сигнал на вашата потсвест дека во животот треба да бидете поавторитативни и поагресивни. Ако пак сонувате дека тоа го правите со колега, тоа значи дека би сакале да бидете како таа личност или пак нешто кај неа ви се допаѓа, а не сте свесни за тоа.

Секс со поранешниот партнер

Бившиот се јавува во вашите врели сништа тогаш кога моменталната врска преминува во рутина и станува досадна. Со уфрлање на бившиот во игра вашиот мозок сака да ја оживи сегашната романса.

Секс со странец

Пред да тргнете да одите на психијатар, би требало да знаете дека странцеот во вашите соништа ве претставува вас. Дали неодамна сте направиле нешто за кое ви требало многу сила и храброст? Ако е така, тогаш овој сон ви зборува дека сте горди на своите достигнувања.

Секс со мажот на вашата најдобра пријателка

Никогаш не би ви паднало на памет да спиете со мажот на вашата најдобра пријателка! Па зошто тогаш го сонувате тоа? Можеби затоа што тој има некои квалитети кои би сакале да ги видите и кај вашиот партнер.

Секс со личност од истиот пол

Не мора да значи дека имате прикриени хомосексуални склоности. Овој сон најчесто покажува дека имате високо мислење за својата женственост. Секс со личност од истиот пол на сон најчесто се јавува за време на бременост.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag