Во Њујорк се одржа премиерата на многумина еден од најомилените анимирани филмови Штрумфови. На премиерата присуствувале многу познати личности, меѓу кои и Кети Пери. Атрактивната пејачка е голем обожавател на светли бои и фенси стајлинг, а тоа и овој пат го потврди со појавувањето на црвениот тепих во минијатурен бел фустан украсен со слика од Штрумфета оболжена со циркони.
Кети неодамна направи голема промена, стана русокоса. Иако треба време да се навикнеме на нејзиниот нов имиџ, мора да признаеме дека на слатката Кети и добро и прилегаат сите промени, а со новата фризура, навистина потсетува на Штумфетата на која и го “позајми”гласот.