Шварци и Сталоне како фотокопир машини:))

popara27 август, 20111min00
Arnold-Schwarzenegger-with-Sylvester-Stallone

Силвестер Сталоне и Арнолд Шварценегер би можеле да дојдат до несогласување за насловот на нивните нови филмови, известува “UK Sun”.

Сценариото за најновата од акционите серии на Сталоне  сега е завршено и е насловено “Rambo: Last Stand” .

Но, и поранешниот гувернер Шварци, сака да ја именува неговата акција со сличен наслов -” Last Stand”
Ѕвездата на “Терминатор” го објави филмот во април, а сега и сценаристот на “Rambo: Last Stand”,  Шон Худ  откри дека сценариото за петтиот филм е завршено, иако сеуште се корегира.

“Јас неодамна го завршив првото поглавје од “Rambo: Last Stand”,  за Millennium films, врз основа на идејата на Силвестер Сталоне. Се надеваме дека Сталоне конечно ќе има време и желба да сними уште еден Рамбо “, вели тој. “Се сретнав со г-дин Сталоне двапати минатата година. Ми даде книга со едно постаро сценарио и околу 20 страници кои ги напишал тој за да послужат како инспирација за последното поглавје од сагата Рамбо.Кое  наликува на трилерот “First Blood”.

Пред  да продолжат со снимање на засебни филмови, во меѓувреме старите глумци на акциони филмови ќе работат заедно на продолжението на хит филмот од минатата година “The Expendables.”

Можеби ќе се договорат за насловот на филмовите на самото снимање на продолжението.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma