Поранешниот гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер вчера присуствуваше на велосипедската трка во Санта Моника. Таму се појави со маичка на која пишува дека тој ја преживеа Марија.
На задниот дел од маичката со големи букви стои написот дека ја преживеал Марија, а подолу стојат годините од 2007 – 2010, каде подоцна е прешкртана 2007-ма и над неа е допишана 1977 година, годината кога тој и Марија ја започанле врската.