Швеѓанец правел нуклеарен реактор во својата кујна

4 август, 20110
atom-slika-498

Швеѓанец бил уапсен додека се обидувал да дели атоми во својата кујна, Тој изјавил дека тоа го правел од забава.
Ричард Хендл изјавил за АП дека во неговиот стан во јужниот дел на Шведска имал радиоактивни елементи како радиум, америциум и ураниум, но полицијата го уапсила и му конфискувала се, под обвинение за неовластено поседување на нуклеарен материјал.
Хендл (31) изјавил дека со месеци се обидувал во својот стан да направи нуклеарен реактор. Тој дури на интернет направил и блог наменет за неговиот експеримент.
Хендл дури подоцна сфатил дека тоа што го прави е незаконски и побарал мислење од страна на шведските власти, тие веднаш одговориле со испраќање на полициска единица.
“Отсекогаш ме интересирале физиката и хемијата”, изјавил Хендл, и додал дека тој “само сакал да се види дали било возможно дома да се делат атоми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit