Силен земјотрес и цунами го погоди Нов Зеланд

7 јули, 20110
Earthquake
Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтер  го погоди новозеландскиот остров Кермадец.
Епицентарот на земјотресот се случил на длабочина од 20 километри, 163 километри источно од островот Раоул и 1.185 километри од новозеландската престолнина Окланд.
Заради земјотресот, за кој првично било јавено дека е со јачина од 7,9 степени објавено е предупредување од цунами за Нов Зеланд, островот Кермадец и Тонго, рекол Пацифичкиот центар за цунами на САД.
“Степенот на потрес во морето потврдува дека се случило и цунами. Тоа би можело да биде разорно долж крајбрежјето во близина на епицентар на потресот“, потврдил Пацифичкиот центар.
Брановите околу островот Раоул достигнале висина од 68 до 84 сантиметри.
Извор: Нетпресс

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *