Силен земјотрес од 7,9 степени ја погоди Јапонија, се заканува и цунами

popara11 март, 20111min00
japane

Силен земјотрес  со јачина од 7,9 степени по Рихтеровата скала, денес го погоди североисточното крајбрежје на јапонскиот остров Хоншу, тамошните власти соопштиле дека има голем број повредени и издале предупредување за цунами.

Епицентарот на земјотресот бил на 130 километри источно од Хоншу, на длабочина од 24 километри, соопштил Американскиот геолошки институт.

Јапонската национална телевизија известила дека во Токио се треселе зградите и во предградието Одаиби избил пожар.

Во северна Јапонија привремено е запрен железничкиот сообраќај.

Северното крајбрежје на Јапонија го погодило цунами со висина на брановите до пет метри, а предупредување за високите бранови издале околните земји Филипини, Русија и Маријанските острови.

Јапонија во средата ја погоди земјотрес со јачина од 7,2 степени по Рихтеровата скала.

Земјотресите во Јапонија се честа појава оти се наоѓа на еден од сеизмички најактивните региони.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag