Силен земјотрес со магнитуда од 5,4 степени го погодил централниот дел на Јапонија.
Од силниот потрес девет лица биле повредени, а материјална штета е забележана во дворец од 16-от век кој се смета за големо културно наследство.
Епицентарот на потресот бил во префектурата Нагано, околу 180 километри северозападно од Токио, известила јапонската метеоролошка агенција.
На внатрешните ѕидови од дворецот во округот Матсумото како последица од потресот се појавиле пукнатини.
Извор: Нетпресс