Силување пред сведоци

popara11 јули, 20111min00
naslovna

Исповед на нишљика T.T. (26), жртва на трговија со луѓе во Црна Гора.

Девојките имаа на себе само долна облека и престилки…
Гостите во кафулиња ги грабаа, ги влечеа во собите, а една девојка ја силуваа пред сите…

– Газдата на кафулето ме силуваше секојдневно. Конечно престанав да давам отпор. Се тешев самата себе дека морам да бидам силна, да истрпам, да се обидам да ја добијам неговата доверба за да можам да си создадам можност за бегство. Не дека, не помислував да избегам. Но, знаев дека ќе ме убие ако ме фати во бегство. Додека работев во Тутин, тоа и се случи на една девојка која работеше во соседната кафеана.Беше убава, донесена од Источна Европа. Кога се обидела да избега, “случајно“ налетала на џип…..а потоа ја фрлија во еден ров покрај патот. Таму не постои закон. Затоа му зборував дека ми е убаво кога сум со него, дека ме задоволува и тогаш започна да ме носи со него низ соседните места – раскажува Т.Т.


– Една вечер отидовме во едно кафуле во соседното село. Имаше десетина девојки кои работеа како келнерки. Слушнав дека се од Белград, Нови Сад и од другите градови во Србија. Беше зима, во кафулето беше ладно, а тие беа облечени само со долна облека и престилки. Сите беа убави, но со видливи траги на насилство. На масите седеа одвратни луѓе, лошо облечени, со брада, долга коса. Земаа по една или две девојки, ги носеа по соби, а една буквално ја силуваа пред сите.Газдата само ми кажа да видам колку сум среќна што јас не сум меѓу овие девојки. Тогаш ни пријде еден крупен човек и го праша дали сум за продавање. Тој му одговори дека сеуште не сум, дека треба да ги одработам парите кои ги има дадено за мене.

Едно утро во кафуле во селото Трпези дојде човекот од кого газдата купуваше млеко.
– Почнаа да се расправаат за квалитетот на млекото и слушнав дека газдата за да договори подобра цена, ме нудеше мене на млекарот. Тој се согласи…ме одвлече во една од спалните соби, а јас вриштев и плачев. Се трудев да се одбранам, но тој ја раскина мојата облека и ме силуваше. Потоа се симна кај газдата да се пожали дека сум се спртивставувала и дека договорот не важи. Откако си отиде млекарот, газдата ме претепа поради мојата непослушност. После овој настан, млекарот доаѓаше уште неколку пати и се сé повторуваше.


Полека ја стекнала довербата на газдата и започнал да ја носи во Ивановград и во Плав.

– Во една прилика кога со неговиот џип, отидовме во Плав за да набавиме пијалок за кафулето, тој ми реше дека еден човек е заинтересиран за мене. Отидовме во локалниот хотел каде што не чекаше еден постар, крупен човек. Газдата го праша дали му се допаѓам, а тој рече дека “би сакал малку да се позанимава со мене“. Отидовме во хотелската соба и тогаш забележав дека вратата ја заклучи, но заборави да го извлече клучот. Му реков да легне, за да можам да се истуширам. Отидов во бањата и пуштив вода да тече. Полека, слегов по скалите, истрчав надвор од хотелот….успеав да стигнам до полициската станица и кога влегов во зградата се онесвестив. Тоа беше крајот, крајот на мојот терор… – ја заврши својата приказна девојката.

Сега таа се обидува да ја заборави оваа епизода и да го состави повторно својот живот. Го сретна човекот со кого планира да продолжи да живее, имаат едно дете и желба да заборави на се што и се случило претходно.

– На никој не зборувам за тоа што преживеав. Единствениот мотив за мојата исповед овде е надеж дека ќе успеам барем една девојка да спасам…тоа ќе ми биде повеќе од награда – ја завршува својата исповед девојката.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag