Згради со масонски обележја во Белград

11 јули, 20110
masonichistory

Прошетка од Техничкиот факултет до Народната банка

I

Зградата на Техничкиот факултет денес може да се набљудува како типично место на која се испишани масонските симболи. Иако, овде постои комплекс на згради на неколку технички факултети, сепак посебно внимание ќе посветиме на фасадата на зградата каде денес се наоѓа Архитектонскиот, Градежниот и Електротехничкиот факултет.

Оваа зграда е изградена во периодот помеѓу 1925 до 1930 година, всушност во време кога масонството во Југославија имаше влијателни членови. Проектот по кој е изградена зградата беше направен од страна на архитектите Aleksandar Đorđević и Nikola Nestorović.

 

Според мислењето на денешните архитекти, овој колосален објект според академските архитектонски концепт, претставува пример за перфектно изградена градба која зрачи со јасност и прецизност. Притоа, дава препознатлив лик на панорамскиот поглед на Bulevar kralj Aleksandar од споменикот Vukov до раскрсницата со улицата Beograd.

Неверојатно е што никој не пишуваше во текот на пост-воениот период, кога овие симболи беа јасни и впечатливи. Бидејќи е невозможно никој да не ги имаше видено, јасно е дека не им беше “дозволено да ги забележат“, што е многу поверојатно, односно дека оние на кои им беше јасно значењето на симболите – им беше попаметно да молчат.

Симбол кој особено го привлекува вниманието на фасадата на Факултетот е шестарот и соломонскиот печат. Овој типичен масонски симбол, е истакнат на неколку места, укажувајќи на присуство на слободните ѕидари како и на пораката која имаа за цел да ја истакнат за идните генерации.

 

II

Стари двор, претставува една од најрепрезентативните палати во стар Белград. Сепак во текот на Втората светска војна, за време на бомбардирањето оваа зграда беше оштетена. Инаку, нејзината купола беше украсена со девет пентаграми на сите седум ѕидови на сите четири куполи. Во пост-воениот период, при обновувањето на зградата куполите не беа реставрирани. Пентаграмот или звездата петокрака, подоцна, за време на војната, зема примат во симболиката за прокламирање на новосоздадената држава.

Во масонството, пентаграмот претставува еден од основните и најважните симболи, а многу често се среќава на печатите и на амблемите на ложата.

Пентаграмот, е најшироко распространет симбол, кои се според “Речникот на слободните ѕидари“ нарекува и “pentalfa“, односно доколку се црта внатрешноста на петаголникот всушност се добиваат пет големи “alfa”.

 

III

Палатата Стариот двор, претставува дело на најугледниот архитект Aleksandar Bugarski. Изградбата започна во 1881 година, а довршена била три години подоцна. Ова зграда постои веќе век и пол, иако во текот на историјата ја има менувано нејзината намена, а меѓу другото се користеше и како палата на династијата Obrenović, Президиум на Народното собрание, а денеска Собрание на град Белград.

После Втората светска војна следуваше обнова на зградата која траеше до 1947 година и поради тоа зградата битно го измени својот надворешен лик. Дали тоа беше намерно направено или не, не би сакале да навлегуваме.

IV

Зградата на Народната банка на улицата Kralja Petra 12, според многумина претставува најубавата зграда од сите во Белград, со зачуван ентериер, а изградена е во 1889 година според проект на Konstantin A. Jovanović. Настана како управо-административна палата на Народната банка на Кралството Србија. Иако денешниот изглед зградата го има добиено после нејзиното проширување и доградување кое беше изведено во периодот од 1922 до 1925 година. Инаку Народната банка претставува последниот и најзначајниот проект на Jovanović, а зградата завзема цел блок и тоа помеѓу улиците Kralj Petar, Car Lazar, Nikola Spasić и Gračanička.

Konstantin A. Jovanovic

Она што нам ни привлече внимание додека ја набљудувавме фасадата на зградата е нејзиниот врв кој е украсен со неколку заоблени пирамиди, стилски уредени за да не може веднаш да асоцираат на масонски симбол.

Дали Konstantin Jovanović имал контакти со слободните ѕидари во тоа време или можеби оваа зграда претставува чиста коинциденција? Можеби одговорот лежи во фактот што првиот Главен мајстор на Обединетата Голема ложа на СХС во тоа време беше масонот Đorđe Vajfert, а во истовреме ја извршуваше и функцијата Гувернер и Вицегувернер на Народната банка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *