Синот на Гадафи фатен, но не и ранет!

popara23 октомври, 20111min00
3839097

ТРИПОЛИ – Саиф ал-Ислам Гадафи, вториот по влијателност син на  либијскиот лидер Моамер Гадафи, бил фатен жив и не повреден, изјавиле бунтовнички извори за американската мрежа Ен- Би-Си.
Саиф ал-Ислам и Муса Ибрахим, поранешен портпарол на Гадафи, се заробени во либискиот град Несма, во близина на Бани Валида, и ќе бидат префрлени на Мисрат.
Заробувањето на Саиф синот на Гадафи заедно со неговиот портпарол сеуште не е официјално потврдено.
Бунтовничките сили претходно давале грешни изјави за состојбата и движењето на приврзаниците на режимот на Гадафи.
Саиф ал-Ислам Гадафи, чие име значи “меч на исламот”, најмногу им бега на властите од осумте деца на Гадафи.
Тој е обвинет за воени злосторства, но постојано успева да избега  веќе со месеци и е последниот член од фамилијата Гадафи во бегство.
Иранската телевизија Прес ТВ претходно објавила дека Саиф ал-Ислам Гадафи, е заробен и е во болница по престрелките со војниците на новата влада во близина на градот Сирта.
Истиот извор вели дека либискиот министер за правда Мохамед ал-Алага во четвртокот изјавил дека Саиф ал-Ислам е заробен и повреден во судирите со членовите на Привремениот Национален Совет (NTC) и дека моментално се наоѓа во болница.
Тој додаде дека синот на Гадафи е застрелан во ногата.
Говорејќи на прес-конференција во либискиот главен град Триполи, во четвртокот, премиерот Махмуд Џибрил рече дека Саиф ал-Ислам е пронајден додека се обидувал да избега од градот Сирта, околу 400 километри источно од Триполи, неговиот конвој  бил опколен од војницие на (NTC).

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag