Шпионите кои се инфилтрирале во силите лојални на Либија и полковникот Моамер Гадафи, дојавиле на бунтовниците дека во последното НАТО бомбардирање бил убиени Хамис Гадафи. Синот на Гадафи наводно бил убиен при бомбардирањето на базата во Зилтан, каде се договарале сите стратешки операции. Хамис бил убиен заедно со уште 32 воени лица. Тој исто така бил главен лидер на воените сили кои се бореле во битките околу Зилтан, пишува Телеграф. Хамис бил најмладиот син на Моамер Гадафи.