Системот за ладење во “Фукушима 1“ приклучен на надворешен извор на струја

popara3 април, 20111min00
f2
Пумпите во системите за ладење во првиот, вториот и третиот реактор на хаварисаната јапонска атомска централа “Фукушима 1“ се приклучени на надворешен извор на струја, соопшти денеска Националната агенција за нуклеарна безбедност на Јапонија.
Експерти од нуклеарката ги продолжуваат подготовките за вбризгување на свежа вода за ладење на внатрешниот дел на сите реактори. Во нив , претходно се влеваше морска вода, но специјалистите одлучиле да се откажат од тоа бидејќи морската сол може да оштети делови од системите за ладење.

Свежа слатка вода била донесена во “Фукушима 1“ со два брода на американската армија. Според проценките на експертите, во моментов приоритет за разрешуцање на кризната состојба е разладување на внатрешниот дел од енергетските блокови.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma