Леонардо ди Каприо доби нова љубов на големиот екран и тоа е еден дечко!
Во следниот филм во режија на Клинт Иствуд – “Џ. Едгар” – ликот на Ди Каприо е во врска со член на персоналот Клајд Толсон, кој го игра Арми Хамер.
Доколку Хамер ви изгледа познато, сте го виделе предходно во “Социјална мрежа” – односно како ликот на еден од близнаците Винкелвос.
Толсон служел како помошник-директор на ФБИ под раководство на Џ. Едгар Хувер. Толсон е близок штитеник на Хувер, а можеби и нешто повеќе. Филмот сугерира на второто, покажувајќи ги двајцата како се држат за раце на задното седиште на автомобилот.
Погледнете го трејлерот подолу: