Сите Срби и Хрвати под иста “титовка”:) Друже Тито ми ти се кунемо…:)))

popara18 август, 20111min00
83018

Еј, Словени, уште сте живи …
Новинарите на англискиот весник The Sun изгледа се уште не знаат дека СФР Југославија одамна не постои! Кога го објавиле списокот на играчи во Премиер лигата, најтиражниот англиски дневен весник речиси сите играчи од Србија, Хрватска и БиХ ги претставил како Југословени, и покрај тоа што државата не постои веќе две децении.

За да работата биде уште полоша, добар дел од гореспоменатите фудбалери се меѓу најголемите ѕвезди на англискиота лига. Меѓу “Југословените” на весникот The Sun се нашле србите Немања Видиќ, Бранислав Ивановиќ, Александар Коларов, хрватите Лука Модриќ, Нико Крањчар и Ведран Чорлука, и од БиХ, Един Џеко.

Големиот гаф настанал бидејќи новинарите сите информации за фудбалерите ги собирале од интернет, поточно од стрната на Википедиа, каде што земјата на раѓање на сите играчи била напишана Југославија. Но бидејќи не им текнало дека државата се распаднала, англичаните поранешните “браќа” ги спакувале во иста кошница.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma