Заради Facebook четири години во затвор!! Епа не ја бива бе “брат така”:))

18 август, 20110
london-protests

Поради уличните немири кои минатата недела ја погодија Велика Британија, на суд завршиле повеќе од 1.200 лица, а на некои им се судело и по брза постапка.
Поголемиот дел од Британците се согласуваат со фактот дека сите што учествувале во нередите треба да бидат казнети.

Меѓутоа, пресудата за две млади момчиња од северозападна Англија предизвикала жестока дебата. Јордан Блекшоу (20) и Пери Кенан (22) во вторникот биле осуден на четири години затвор, бидејќи тие преку Фејсбук, организирале и поттикнувале немири. Тие на социјалната мрежа отвориле страна каде ги повикувале младите луѓе на немири и протести.

“Изречената пресудата покажува дека новата технологијата може да биде злоупотребена за потикнување на криминални активност, и испраќа силна порака за потенцијалните престапници”, изјавил портпаролот на лондонската полиција Фил Томпсон за Скај њуз.

Да потсетиме, во уличните немири во Велика Британија загинаа пет лица и била направена огромна штета, каде биле ограбени и уништени голем број на згради и објекти во Лондон и во други англиски градови.

Поради поттикнување насилство биле уапсени над 3.000 лица, а околу 1.200 лица веќе се казнети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi