Нити една поза во сексот нема добиено така култен статус како онаа која пружа изтовремено уживање на обата партнери, како што е популарната поза 69. Иако не е баш на ранг листата за најпопуларни пози за постигнување на врв во сексот, сепак со добра воља и опуштено тело уживањето нема да изостане, а неретко може тоа уживање да ве преплави истовремено.
За и против
Предност на оваа поза е што обата партнери имаат можност истовремено да осетат големо задоволство. Тоа пак, иако звучи контрадикторно, е и нејзината најголема мана. Со еден збор, може да се случи еден од партнерите да го стави сопственото уживање на прво место и да нема концентрација за задоволување на партнерот.
Без воздржување
Ако се одлучите за оваа поза, заборавете на срамежливост и навиките од минатото. Испробајте ги сите покрети кои ви одговараат и се удобни и успехот е загарантиран. Но бидејќи оваа поза е многу еротична, стручњаците препорачуваат жените да се внимателни и да остават мажот прв да ја предложи и започне играта.
Кој каде?
Во изведувањето на оваа поза препорачливо е жената да е под мажот. Така нејзе ќе и е поудобно, а со самото тоа и полесно да биде задоволена. Се препорачува истовремена стимулација и со рака.
Удобност
Еден од предусловите за уживање и доживување на оргазам е удобноста. Ова особено се однесува на оваа поза. Затоа заеднички побарајте ја вајудобната положба, не откажувајќи се од првата проба на истата.