Аквариумот „Oceanografico“ се наоѓа во шпанскиот град Валенсија и е еден од најголемите во Европа. Во него има представници од речиси сите морски екосистеми. Посетителите можат да се запознаат со 500 различни видови, делфини, морски лавови, пингвини, желки, ајкули, медузи, морски ѕвезди и многу други видови на подводни организми. Аквариумот е една од четирите згради кои го образуваат „Градот на уметноста и науката“, што претставува важен дел ок културниот развој на Валенсија.