Скарлет Јохансон, наводно, продолжила со својот живот после разводот од Рајан Рејнолдс. Видена е заедно со британскиот пејач Дан Вајт.
Ѕвездата на филмот “Изгубени во преводот” ја прекина својата врската со Рајан кон крајот на 2010 година, а разводот беше финализиран во јули 2011 година.
Јохансон, во меѓувреме беше во врска со актерот Шон Пен, а исто така ја поврзуваа со Бредли Купер и Џастин Тимберлејк.
Но, се чини дека актерката сега пронајде нова љубов, неколку пати е видена заедно со британскиот гитарист Дан.
Неименуван извор изјави: “Неодамна се запознаа во Лондон, каде што Скарлет го снимаше филмот “Under The Skin”, а се запознаа во еден ноќен клуб. Меѓу нив веднаш се почувствува хемија, а Скарлет отсекогаш изјавуваше дека ја сака музиката на неговиот бенд”.