Во последно време архитектите се обидуваат да го спојат погледот на море и погледот на базенот во едно, што воопшто не изгледа лошо. Ова е уште една куќа во низата која е успешно вградена по тој принцип. Куќата се наоѓа во Сингапур и овој тропски и модерен апартман претставува суштина на животот во топлите и влажни краеви.