Смеата влијае исто врз телото како и вежбањето

popara1 јули, 20111min00
smeenje

Освен што го крева расположението , јакне имунитетот, намалува стресот, го снижува холестеролот и крвниот притисок, смеата на телото влијае исто како и вежбањето, покажала новата студија на универзитетот Loma Linda.

Во истражувањето учествувале 14 волонтери кај кои во текот на три месеци се мерени ефектите од смеење врз хормоните кои го контролираат апетитот, лептин и адреналин.
Испитаниците требало да гледаат 20 мин видео, дел од нив гледале непријатни видеа, додека другите гледале смешни. Им мереле крвен притисок и им земале примерок крв пред и по гледањето на видеата.
По споредувањето на заклучоците е утврдено дека, кај оние испитаници кои гледале непријатни сцени не е сменето нивото на хормоните кои влијаат на апетитот, додека кај оние кои  гледале смешни видеа забележана е промена во крвниот притисок и промена на нивото на лептин и грелин.
Имено, нивото на лептин се намалувало со зголемувањето на нивото на грелин, што на организмот има исто влијание како физичкаото вежбање.
Крајниот заклучок на ова истржување е дека смеењето што се повторува има исто влијание врз телото како и вежбите, релок доктор Lee S. Berk.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag